Mehmet Tosun
02 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, им посака брзо опоравување на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија, за кои беше потврдено дека се заразени со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Им посакувам брзо закрепнување на американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама, Меланија Трамп, кои се позитивни на Ковид-19. Искрено се надевам дека ќе го надминат периодот на карантин без проблеми и што побрзо ќе оздрават“, напиша Ердоган на Твитер.