Gökhan Ergöçün
02 Октомври 2020•Ажурирај: 04 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ
Турската министерка за трговија, Рухсар Пекџан, денеска изјави дека извозот на земјата во септември достигнал 16,13 милијарди долари, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Извозот на земјата во септември се зголеми за 4,8 отсто на годишно ниво и 28,5 отсто на месечно ниво“, рече Пекџан.
„Извозот на Турција во третиот квартал од оваа година се зголеми за 34,5 отсто во однос на претходниот квартал“, додаде таа.
Таа нагласи дека овие бројки за извозот потврдиле дека процесот на закрепнување и нормализирање во периодот на пандемија продолжува успешно.
„Во меѓувреме, увозот на земјата во септември изнесуваше 20,89 милијарди долари, а 89,3 отсто од увозот беа суровини и капитални добра“, вели министерката за трговија.
„Во првите девет месеци од оваа година, извозот на Турција изнесуваше 118,35 милијарди долари, а увозот, 156,24 милијарди долари“, додаде Пекџан.