Özcan Yıldırım
17 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа порача дека во состав на последните акции на Кандил погодиле места каде што членовите на терористичката организација ПКК одржувале состаноци, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сè уште не сме ги добиле резултатите, но сигурно е дека се погодени“, изјави синоќа Ердоган, гостувајќи на локалната телевизија.
Тој потсети дека се извршуваат акции во Кандил на северниот дел на Ирак, насочени против ПКК. Турскиот претседател изјави дека таму, како прв чекор, погодиле десет важни цели со 20 авиони.
Ердоган нагласи дека продолжуваат со разузнавачката работа кога е во прашање тоа подрачје.
„Со новите активности, добивме нови информации. Со новите информации, извршивме акции. Во новите акции погодивме важни места каде што се одржуваа состаноците. Ова првпат го споделувам со вас“, изјави турскиот претседател.
Одговарајќи на новинарско подрачје за тоа дали на погоденото место се наоѓале некои важни имиња, Ердоган изјави дека тие тоа го гледаат како голема можност.
Планините Кандил, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Хакурк и Зап се наоѓаат на северниот дел на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое се смета за колевка на терористичкото движење ПКК.
Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција, како и во северниот дел на Ирак и Сирија.
Антитерористичките акции во пограничните региони на Ирак и Сирија се базираат на правата на Турција засновани на Меѓународното право на самоодбрана и резолуциите на ОН кои се однесуваат на борбата против тероризмот.
Акциите се спроведуваат со почитување на територијалниот интегритет на соседните земји и со цел неутрализација на терористичката закана.