Diyar Güldoğan
18 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Стапката на невработеност во Турција во март изнесуваше 10,1 отсто, додека на годишно ниво падна за 1,6 отсто, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот статистички инсититут ТуркСтат (TurkStat) објави дека бројот на невработени лица постари од 15 години во март минатата година изнесувал 3,2 милиони. Овој број е намален за 432.000 лица на годишно ниво.
Иако стапката на невработеност на младите, која вклучува луѓе на возраст помеѓу 15 и 24 години, изнесуваше 17,7 отсто во месец март, стапката на невработеност кај лицата на возраст од 15 до 64 години изнесуваше 10,3 отсто во март, соопштија од ТуркСтат.