Çiğdem Alyanak
09 Септември 2018•Ажурирај: 09 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прими денес јапонската принцеза Акико Микаса која престојува во работна посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган со принцезата Акико се состана во палатата Мубејн во Истанбул.
Принцезата во Турција допатува за да присуствува на манифестацијата, која во музејот „Sakip Sabanci“ ја организира Фондацијата на принцот Микаса.
Од јапонската Амбасада претходно е соопштено дека принцезата Акико за време на еднонеделната посета ќе престојува во Истанбул, Анкара и Киршехир.