Турција, економија

Турската економија со раст од 5,2 отсто во вториот квартал од 2018

ТуркСтат наведува дека бруто домашниот производ (БДП) на тековните цени изнесува 884 милијарди турски лири (204,3 милијарди долари) во периодот април - јуни

Muhammed Ali Gürtaş  | 10.09.2018 - Обновена : 10.09.2018
Турската економија со раст од 5,2 отсто во вториот квартал од 2018

Ankara

АНКАРА (АА) - Турската економија е во пораст за 5,2 отсто во вториот квартал оваа година во споредба со истиот период минатата година, објавија денес турските органи за статистика, пренесува Anadolu Agency (AA).

Турција е на врвот на листата меѓу земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој - ОЕЦД (OECD), а втора меѓу земјите членки на Европската Унија (ЕУ) кои досега ги имаат објавено податоците за својот годишен раст во вториот квартал од годината.

Минатиот петок, Евростат, Службата за статистика на ЕУ, објави дека економијата на Европската Унија остварила пораст од 2,1 отсто во периодот април-јуни, во споредба со истиот период минатата година.

Малта (со раст од 5,7 остсто), Полска (5 отсто) и Унгарија (4,6 отсто) покажуваат најголем раст во вториот квартал.

Во истиот период, Данска забележала најмал годишен раст од 0,6 отсто, додека Италија и Велика Британија 1,2 отсто, односно 1,3 отсто раст на нивните економии.

ТуркСтат наведува дека бруто домашниот производ (БДП) на тековните цени изнесува 884 милијарди турски лири (204,3 милијарди долари) во периодот април - јуни.

„Сезонски и календарски прилагоден БДП порасна за 0,9 отсто во споредба со претходниот квартал“, соопшти институтот.

Анкетата за очекуваниот раст на турската економија, подготвена од Anadolu Agency, во која учестуваа економски експерти, покажа дека според експерите, средната вредност на очекуваниот раст во вториот квартал од 2018 година изнесува е 5,2 отсто. Прогнозите на економските експерти се движеа помеѓу 4,5 отсто (најниската прогноза) до 6,4 отсто.

Официјалните податоци покажуваат дека стапките на раст на турската економија беа 11,5 отсто во третиот квартал минатата година, 7,3 отсто во последниот квартал од 2017 година и 7,3 отсто во првиот квартал од оваа година.

Денес, ТуркСтат исто така објави дека независниот годишен БДП на Турција остварил раст од 7,4 отсто во 2017 година.

ТуркСтат нагласи дека БДП во однос на производството пораснал за 19,1 отсто во 2017 година во однос на претходната, и изнесуваше 3,1 билиони турски лири според тековните цени, приближно околу 850 милијарди долари.

„Во 2017 година, преработувачката индустрија имаше најголем удел (во БДП) со 17,6 отсто“, се вели од институтот.

„По преработувачката индустрија следи трговијата на големо и мало со 11,9 отсто и градежната индусрија со удел (во БДП) од 8,6 отсто“.

ТуркСтат истакна дека услугите на домаќинствата како работодавци имаат најмал удел во БДП.

„БДП по жител во 2017 година изнесуваше 30.680 турски лири, односно 10.602 долари при тековните цени“, се вели од ТуркСтат.

Според турската Централна Банка, просечниот девизен курс на амерканскиот долар во однос на турската лира мината година изнесуваше 3,65.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın