Sidar Can Eren
12 Мај 2022•Ажурирај: 12 Мај 2022
ТУНЏЕЛИ (АА) - Дивокози кои се заштитен вид во турската област Тунџели, се забележани како се хранат на планините во Националниот парк „Долината Мунзур“ и во долината Пулумур, Агенција Анадолија (АА).
Подрачјето на Тунџели, кое се истакнува со своите природни убавини, е живеалиште на голем број диви животни.
Дивите кози кои се под заштита и чиј лов е забранет, им даваат една поинаква боја на планинските и шумските предели кои зазеленеа со доаѓањето на пролетта.

Козите, движејќи се во стада, се рефлектираа на објективите додека се хранеа на падините од планините во Националниот парк „Долината Мунзур“ и во долината Пулумур.
Козите кои пасеа трева на карпите, се искачија повисоко кога забележаа дека се набљудувани.
Во регионот често се среќаваат и волци, кафеави мечки, лисици, верверички, планински кози со ченгелски рогови, диви свињи, рис, јазовец, орли, бувови и видри.