Muhammet Emin Avundukluoğlu
06 Јануари 2022•Ажурирај: 07 Јануари 2022
АНКАРА
Воените ветерани на Турција и Азербејџан ја посетија зградата на турскиот Парламент во Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Азербејџан и Турција се браќа. Турција е со Азербејџан во војната во Карабах, помагајќи му на Азербејџан да ги врати своите територии окупирани од Ерменија“, изјави Емин Хасанли, член на Советот за државна поддршка на Азербејџан за невладини организации, за новинарите во турскиот Парламент.
Тој рече дека е чест да се посети Парламентот основан од Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската Република.
„Ние сме секогаш со Турција. Моќта на Турција е моќ на Азербејџан“, изјави официјален претставник.
Ветераните, исто така, направија обиколка на делови од зградата на Парламентот што беа бомбардирани за време на поразениот државен удар на 15 јули 2016 година, кој беше организиран од терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Ѓулен со седиште во САД.
Олџај Килавуз, турски пратеник од Партијата за национално движење (МХП), кој ги придружуваше ветераните во нивната посета, рече дека единството и солидарноста на Анкара и Баку им дава надеж на сите етнички Турци во светот.
„Ние сме еден народ, две држави. Нашето братство, единство и солидарност ќе траат вечно“, рече тој.
„Проблемите на Азербејџан се и наши проблеми. Нивната радост е и наша радост“, додаде Килавуз.