Seda Sevencan
06 Јануари 2022•Ажурирај: 07 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ
Турските сили приведоа два члена на терористичката организација ФЕТО кои се обидувале да избегаат во Грција, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Двајцата беа фатени додека се обидуваа незаконски да ја преминат грчко-турската граница во областа Едрене“, соопшти Министерството.
„Истрагата потврди дека двете лица се членови на ФЕТО“, додаде Министерството.
ФЕТО и нејзиниот лидер кој се наоѓа во Соединетите Американски Држави (САД), Фетула Ѓулен, организираа пуч на 15 јуни 2016 година во Турција, во кој 251 лице загинаа, а 2.734 беа повредени.
Анкара, исто така, го обвинува ФЕТО за долготрајната кампања за уривање на државниот поредок во Турција преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.