Barış Gündoğan
18 Август 2018•Ажурирај: 20 Август 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку петмина припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во југоисточната турска област Ширнак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција е наведено дека безбедносните сили извршиле акција во подрачјето на Џуди Даги, и дека неутрализирале најмалку петмина терористи на ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, вклучувајќи жени и деца.