Ferdi Türkten
18 Август 2018•Ажурирај: 19 Август 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се обрати на 6. Голем редовен конгрес на АК Партијата кој се одржа во главниот град на Турција, Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган истакна дека АК Партијата е основана на 14 август во 2001 година од страна на 60 члена, но според него, вистинскиот основач и сопственик на АК Партијата е самиот народ.
„Некои ни се закануваат со економија, санкции, со девизниот курс, девизите, каматите, инфлацијата. Ним им велиме: ’Ја увидовме вашата игра и ве предизвикуваме‘“, нагласи Ердоган, осврнувајќи се на последните случувања.
„Знаеме дека ако постои верување, постои и можност. Нашиот народ со своето верување досега проби бројни предавства и замки“, истакна Ердоган, додавајќи дека тие не се поклонуваат и нема да се поклонат пред оние кои ја градат својата благосостојба, искористувајќи го светот.
„Нема да се предадеме на оние кои се прикажуваат како наши стратешки партнери, а во секој чекор се обидуваат да нè претворат во стратешка цел“, додаде тој.
„Уште еднаш велиме дека нема да успеете, не ќе може да го поделите нашиот народ, не ќе може да го спречите езанот, не ќе може да го симнете нашето знаме, не ќе може да ја уништите нашата држава, не ќе може да го спречите напредокот на Турција, не ќе може да нè спречите да ја постигнеме нашата цел. Бидејќи ние сме Турција, ние сме турскиот народ, ние сме муслимани, бидејќи ние сме заедничкиот глас и совеста на човештвото“, нагласи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.