Aziz Aslan
26 Април 2021•Ажурирај: 26 Април 2021
ДИЈАРБАКИР (АА) - Најмалку 11 осомничени лица се фатени од страна на турската полиција во југоисточната област Дијарбакир, поради поврзаност со терористичката организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како дел од новата кривична истрага покрената од обвинителите во Дијарбакир, полицијата покрена активности за приведување на осомничени лица кои организирале или учествувале во штрајкови со глад на ПКК, состаноци на отворено и погреби на терористите на ПКК, изјави безбедносен извор под услов да остане анонимен.
Меѓу осомничените се наоѓаат и некои челници на Демократската народна партија (ХДП) и Демократската регионална партија (ДБП) од областа.
За време на претресите извршени на адресите на осомничените, запленети се голем број на забранети книги, списанија и дигитален материјал за промоција на терористичката организација.
„Во тек се напорите за фаќање на уште двајца осомничени во бегство“, додаде изворот.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.