Behlül Çetinkaya
26 Април 2021•Ажурирај: 26 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и неговиот новоназначен чешки колега, Јакуб Кулханек, разговараа телефонски, соопштија дипломатски извори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Чавушоглу му честиташе на Кулханек за новата позиција и изрази волја за подобрување на билатералната трговија и туризмот“, истакнаа изворите.
Шефот на турската дипломатија исто така го покани Кулханек на Дипломатскиот форум „Анталија“, што ќе биде одржан во јуни во турската медитеранска област Анталија.