Zuhal Demirci
18 Јануари 2019•Ажурирај: 18 Јануари 2019
АНКАРА (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, го прими денес американскиот сенатор Линдзи Грахам, кој се наоѓа во посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу и американскиот сенатор од Јужна Каролина се состанаа во Анкара. Разговарано е за последните случувања и за билатералните односи во контекст на Сирија.
Грахам, во периодот од 2015 до 2017 година, во повеќе наврати укажуваше на фактот дека ПКК е терористичка организација која следи комунистичко-марксистичка идеологија, и дека постои многу блиска врска помеѓу ЈПГ и ПКК.
Во врска со поддршката на САД на припадниците на ЈПГ, Грахам често знаеше да упати критички прашања кон поранешниот министер за одбрана, Ештон Картер, командантот на CENTCOM, Џозеф Вотел, началникот на Генералштабот на САД, Џозеф Данфорд, директорот на Националната разузнавачка служба DNI, Дан Котс, и директорот на DIA, Кинсент Стеврт, но исто така и кон бројни други американски функционери.