Tuba Şahin
18 Јануари 2019•Ажурирај: 20 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Турската министерка за трговија, Рухсар Пекџан, изјави дека надворешната продажба во индустријата за видеоигри во Турција се зголемила за 50 отсто во 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Таа изјави дека секторот минатата година преку извоз остварил 1,05 милијарда долари.
„Во 2017 година бројката изнесуваше 700 милиони долари, додека во 2016, 500 милиони долари“, изјави Пекџан.
„Големината на глобалниот пазар за дигитални игри, кој изнесуваше околу 138 милијарди долари во 2018 година, се очекува да достигне 180 милијарди долари до 2021 година“, рече Пекџан.
„Неверојатните бројки покажуваат голем потенцијал во секторот“, рече таа.
Пекџан рече дека Турција брзо дејствувала во приспособувањето кон дигитализацијата и зајакнувањето на својот „гејмерски“ сектор.
„Големината на пазарот за игри во Турција достигна 750 милиони долари, а брзиот раст на секторот во голема мера придонесува кон формирање и развој на екосистемот во оваа област“, рече Пекџан.
Пекџан додаде дека нејзиното Министерство ќе продолжи да ги поддржува турските програмери на видеоигри.