Sena Güler
18 Февруари 2021•Ажурирај: 19 Февруари 2021
АДАНА
Најмалку осум припадници на ДЕАШ се приведени во антитерористичка операција во јужниот дел на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Антитерористичките полициски тимови во Адана покренаа операција за да фатат девет осомничени лица кои се товарат за промовирање тероризам на социјалните медиуми“, вели извор кој зборуваше под услов да остане анонимен.
„Откако властите издадоа налози за приведување на девет осомничени лица, вклучувајќи петмина сириски и четворица ирачки државјани, полициските тимови извршија рација на нивните адреси и приведоа осум од нив“, додава изворот.
Напорите за да се фати останатиот осомничен се во тек.
Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација во 2013 година.
Оттогаш во земјата се извршени повеќе напади од терористите на ДЕАШ, односно најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади во кои загинаа 315 лица, а беа повредени стотици други.
Како одговор на нападите, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи нови напади.