Metin Bolat
26 Август 2016•Ажурирај: 27 Август 2016
КОЊА/АДАНА (АА) - Најмалку 20 лица се приведени утринава во централниот турски град Коња поради поврзаност со терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сознанијата на АА, полициските екипи на Одделот за антитероризам во Коња извршиле повеќе претреси на различни локациии и привеле најмалку 20 лица, кои се осомничени дека имаат поврзаност со терористичката организација ДАЕШ.
За време на претресот запленети се и одредени докази и докумнети.
По поднесувањето на кривичната истрага во зградата на полицијата во Коња, осомничените ќе бидат доставени до судот.
Од друга страна, во антитерористичката акција спроведена во Адана, на јужниот дел на Турција, против истата терористичка организација, во раните часови приведени се 20 лица. Акцијата е спроведена во неколку населби.
Меѓу приведените се наоѓаат и жени. Приведените лица се одведени во зградата на полицијата во Адана.