Halil Demir
19 Февруари 2021•Ажурирај: 19 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ
Во рамки на операцијата извршена во турската област Истанбул против терористичката организација приведени се 9 осомничени лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите на Дирекцијата за борба против тероризмот извршија операција за фаќање на осомничените лица кои во минатото војувале во редовите на ДЕАШ во различни конфликтни зони во Ирак и Сирија, и потоа откако на илегален начин влегле во Турција, во Истанбул биле вклучени во активностите на оваа организација.
Во рамки на истрагата, извршени се истовремени операции во 10 различни локации во Истанбул, при што се приведени 9 осомничени лица, од кои 8 странци.
Во претресите извршени во овие локации, запленети се голем број документи и дигитални материјали на оваа организација.