Izzet Taskiran
28 Јули 2016•Ажурирај: 29 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на истрагата за обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, на истанбулскиот аеродром од 17 јули до денес приведени се 58 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
На аеродромот „Ататурк“ по обидот за пуч, зајакнати се безбедносните мерки, а лицата што се барани поради поврзаноста со обидот за пуч, приведени се за време на пасошката контрола при обидот да ја напуштат земјата.
Исто така, детално се контролираат и патниците кои имаат зелени и сиви пасоши, кои ги носат државните службеници. Контролите на споменатите патници се вршат во редот за визи за да не се задржуваат останатите патници.
Обидот за државен удар на групата војници лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, кој започна во доцните часови во петокот, на 15 јули задушен е по 22 часа апсење на одговорните во обидот за соборување од власт на демократски избраниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган и владата на таа земја.