Esat Fırat
16 Август 2018•Ажурирај: 16 Август 2018
ЕРУСАЛИМ (AA) - Израелските сили во Источен Ерусалим и на Западниот Брег приведоа 13 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Палестинските медиуми јавуваат дека Палестинците во текот на ноќта се приведени поради обвиненија за учество во терористички активности.
Израелските сили често вршат упади во Источен Ерусалим и на Западниот Брег, и под различни обвиненија приведуваат Палестинци.
Официјални палестински извори наведуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 6.500 Палестинци, меѓу кои околу 300 малолетници.