Lina Altawell
16 Март 2026•Ажурирај: 16 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 503 лица се убиени, а околу 5.700 се повредени во нападите на Соединетите Американски Држави (САД) и Израел врз иранската престолнина Техеран од крајот на минатиот месец, изјави денес директорот на Службата за итни случаи на покраината Техеран, пренесува Анадолу.
Мухамед Есмаил Таваколи за новинската агенција ИСНА изјави дека повеќето од убиените се цивили, меѓу кои и 12 деца на возраст меѓу два месеца и 12 години.
Регионалната ескалација започна откако Израел и САД на 28 февруари започнаа заеднички напади врз Иран. Во овие операции досега загинаа околу 1.300 луѓе, меѓу кои и тогашниот врховен водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.
Техеран возврати со серија напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, како и кон Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив. Иранските власти соопштија дека цел на овие напади се американските воени бази во регионот.