Sarp Özer
28 Јули 2016•Ажурирај: 28 Јули 2016
АНКАРА (AA) – Во седиштето на турската влада во палатата Чанкаја Коску, во Анкара за почна редовната седница на Врховниот воен совет (YAS) со која претседава турскиот премиер Бинали Јилдирим, јавува Anadolu Agency (AA).
Членовите на Советот утрово го посетија Аниткабир, мавзолејот на оснивачот на модерната Република Турција Кемал Ататурк и положија венец на неговиот гроб, а после тоа стасаа во Чанкаја Каску и го запчнаа редовното заседание на Советот кое ги донесува најважните одлуки за именувања во Турските вооржуени сили (TSK).
Претходно седниците се одржувани во голема тајност во посебна просторија и без претставници на цивилната власт.
Главна тема на заседанието на Советот е неуспешниот обид за воен удар кој терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, чии водач е Фетулах Ѓулен го изведе на 15 јули.Се очекува да се расправа околу начинот за неутрализација на терористичките елементи кои во претходните години се инфилтрирани во Турските вооружени сили.
Турскиот премиер Јилдирим претходно рече дека заседанието на Советот ќе биде завршено во текот на еден ден, а претходно Советот редовно заседаваше три дена.
Одлуките на Советот прво ќе бидат испратени до претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на одобрување, а потоа и соопштување во јавноста.
Заседавањето на Советот се следи со зголемени безбедносни мерки во Анкара, а посебно во близина на палатата Чанкаја.