Cankut Taşdan
10 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Во Турција е донесен Ибрахим Парим, одговорниот за логистиката на ПКК, кој во операција на Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) е фатен во подрачјето на ирачки Синџар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде АА, во операција на МИТ фатен е Ибрахим Парим, со кодно име „Лашер“, за кого е утврдено дека работи како одговорен за логистика во местото Синџар, на границата на Ирак со Сирија, кое е под контрола на ПКК/КЏК и во кое главно живее популацијата Езиди.
Во согласност со упатствата на главниот јавен обвинител во Анкара и во координација на МИТ и полицијата на Анкара, тековното испрашување на Парим се одржува во Одделот за антитероризам.
Со цел да се организираат протести поради судирите во сириски Ајн ал Араб (Кобани), Парим од страна на терористичката организација е испратен во турската област Ван каде што учествува на уличните протести од 6 до 8 октомври 2014 година. Утврдено е дека тој е дел и од руралниот кадар на терористичката организација во 2015 година.