Zuhal Demirci
10 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Мурад Адџаби, алжирскиот амбасадор во Анкара и неговата делегација денеска го посетија Генералниот директорат на Агенција Анадолија (АА).
Адџаби и неговата делегација имаа средба со претседателот и генералниот директор на АА, Шенол Казанџи.
Амбасадорот Адџаби, изразувајќи задоволство од посетата, рече дека во иднина би сакале да соработуваат со АА на понапредно ниво.
На средбата, потсетувајќи дека во 2007-2008 година во Истанбул служел како генерален конзул во алжирскиот Конзулат, Адџаби рече дека сега, по околу 10 години, е многу среќен што доаѓа како амбасадор.
„Почнав да работам како амбасадор во оваа убава и важна земја. Моја главна должност е понатаму да ги унапредувам одличните односи меѓу двете земји кои датираат од минатото до денес“, истакна амбасадорот Адџаби.
Посочувајќи дека Агенција Анадолија е меѓународна агенција која подготвува вести на 13 јазици, генералниот директор Казанџи рече дека се задоволни од тоа што како АА ќе придонесат за развојот на односите помеѓу Турција и Алжир.
Казанџи исто така го информира Адџаби за глобалната работа на агенцијата.
Во рамките на посетата, Казанџи на алжирскиот амбасадор му подари керамичка вазна.
Делегацијата потоа ги посети единиците за вести на АА и се здоби со информации за работата на агенцијата.
Адџаби, пред да ја започне функцијата амбасадор во Турција во 2019 година, во 2018-2019 година работеше како директор за меѓународни политички работи при Министерството за надворешни работи на Алжир. Во периодот декември 2018 - септември 2019 година Адџаби беше претседател на Националниот комитет за спречување трговија со луѓе и тероризам.