Meltem Yılmaz Karakurum
10 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
ТРАБЗОН (АА) - МЕЛТЕМ ЈИЛМАЗ КАРАКУРУМ -
Република Турција во текот на јануари оваа година од извозот на турски чај инкасира 1.643.128 долари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Унијата на извозници ДКИБ (DKIB), Турција во текот на минатиот месец во 60 држави низ светот изврши извоз на вкупно 392 тони чај.
Белгија е во предност во купување турски чај бидејќи само во јануари за увоз на тој напиток од Турција издвои 809.688 долари. Следува Германија која од Турција изврши увоз на чај во вредност од 125.440 долари и Израел кој за јануарскиот увоз на турски чај плати 102.293 долари.
Заменик-претседателот на Управниот одбор на ДКИБ, Ахмет Хамди Ѓундоган, за АА изјави дека Турција е задоволна со минатогодишниот извоз на чај и дека се надева дека во 2021 година ќе оствари уште подобри успеси.
„Паралелно со планот на континуиран раст на извозот, турските извозници го прошируваат пазарот на новите земји и го збогатуваат асортиманот на стока, и така ги јакнеме нашите извозни потенцијали“, изјави Ѓундоган.
Ѓундоган изјави дека во Белгија се наоѓаат логистички центри од каде што се дистрибуира турски чај во поголемиот дел на европските земји, а најголем консумент на тој напиток е турската дијаспора.