Hamdi Çelikbaş
26 Мај 2017•Ажурирај: 27 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 45 припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани за време на акциите на турските безбедносни сили во последните седум дена, во источниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Генералштабот на турската војска, споделени се информации за активностите на турските безбедносни сили во последните седум дена, и наведено е дека се спроведени акции против ПКК во градовите Хакќари, Ширнак, Сирт, Дијарбакир,Батман и Тунџели.
За време на акциите, неутрализирани се најмалку 45 припадници на терористичката организација и зададен им е тежок удар на терористите кои се подготвувале да извршат терористички активности. Цел на нападот беа и пештерите што терористите ги користеле како засолништа.
Исто така, за време на акциите се запленети и три минофрлачи, пет автоматски пушки, 13 јуришни пушки, 43 рачни бомби, 27 парчиња импровизирани експлозивни направи, околу 2.000 килограми амониум нитрат, 110 килограми ТНТ-експлозив, четири килограми експлозив од типот А4 и значителна количина на друго оружје и муниција.
Уништени се најмалку 26 складишта и пештери што терористите ги користеле како засолништа.
Освен оружје и муниција, турските безбедносни сили запленија шест килограми различни наркотици и 62.240 пакувања цигари. Со тоа им е зададен тежок удар на терористите и кога е во прашање финансирањето на организациите.
Во последните седум дена загинаа најмалку седуммина припадници на безбедносните сили на Турција, а ранети се 15.
ПКК е на листата на терористички организации во Турција, ЕУ и во САД.