Mustafa Yıldırım
11 Септември 2017•Ажурирај: 11 Септември 2017
ИЗМИР (АА) - Во Егејското Море фатени се 46 сириски бегалци при обид илегално да преминат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите на турската крајбрежна стража добија дојава дека група бегалци со гумен чамец се обидува да стигне до грчкиот остров Хиос од подрачјето на Чешме, во Турција.
Меѓу мигрантите има жени и деца.
Бегалците се пренесени до пристаништетео во Чешме, од каде што се предадени на Дирекцијата за миграции во Измир.
Започната е акција за приведување на организаторите на илегалното преминување.