Hanife Erdinç
10 Септември 2017•Ажурирај: 11 Септември 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во подрачјето на Ајваџик, во турската област Чанаккале, фатени се 39 мигранти во обид да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на крајбрежната стража за време на патролирањето во близина на местото Бабакале забележале група мигранти кои се упатиле кон брегот со гумен чамец.
Во акцијата извршена на две милји од копното, фатени се 39 мигранти, меѓу кои има 18 деца.
Мигрантите со потекло од Авганистан, Ирак и Сирија пренесени се на копно, каде им е укажана помош во храна и облека, а потоа се предадени на Центарот за враќање на странци во Ајваџик.