Sinan Uslu
09 Септември 2017•Ажурирај: 09 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 99 припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани за време на акциите на турските безбедносни сили во последните две недели во југоисточниот дел од земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Генералштабот на турската војска споделени се информации за акивностите на турските безбедносни сили во последните две недели, од 24.август до 7 септември.
Наведено е дека акциите се извршени на подрачјето на Ширнак и Хакќари и дека се неутрализирани 99 терористи.
ПКК е на листа на терористички организации во Турција, ЕУ и САД.