Behçet Alkan
13 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
НЕВШЕХИР (АА) - БЕХЧЕТ АЛКАН -
Од рудникот стар 800 години во областа Ѓулшехир, во градот Невшехир, Турција, се вадат 150 илјади тони камена сол, што е барана дома и во странство.
Високоминералната камена сол од рудникот во областа Туској, за кој се вели дека работи од времето на Селџучкото Царство во Анадолија, е пронајдена од Хаџи Бекташ Вели. Солта се вади од тунелот долг околу 700 метри, на длабочина од 85 метри.
Солта што се ископува од карпите со машини за копање тунели, се вади со камиони и минува низ различни процеси.
Суат Билгин, кој работи во рудникот за сол, за Агенција Анадолија (АА) рече дека областа ја изнајмил на 99 години преку тендерот на Генералниот директорат за рударство при Министерството за енергија и природни ресурси на Турција.
Наведувајќи дека годишно во просек добиваат 150 илјади тони сол, Билгин рече дека во регионот има солено корито од 5 милиони 300 илјади квадратни метри.
Билгин вели дека обезбедуваат вработување за над 50 лица и дека за економијата придонесуваат во просек со околу 2 милиони долари.
- Придонес во здравствениот туризам -
Посочувајќи дека високите резерви на сол ќе бидат од корист за регионот, а има побарувачка и во Германија, Франција и Холандија.
„Нашите дедовци ја продавале солта со камили, потоа работата ја презел татко ми, сега ние. Во минатото и тие исто така ја продавале солта што се извлекува од овој рудник. Тука околу 800 години се вади сол. Се користи во индустријата, исхраната и во борбата против снегот. Има побарувачка од странство. Пред кратко време испративме во Романија. Има побарување и од Германија, Франција и Холандија. Но, немаме доволно капацитети. Размислуваме да се отвориме и кон здравствениот туризам. Тука работиме професионално. Копаме тунел без никаков ризик од рушење.“
Нагласувајќи дека неколку пациенти што имале проблеми со дишењето дошле во рудникот, Билгин рече дека неколку дена подоцна почнале да дишат нормално.
„Целта е ова место понатаму да го приспособиме и за здравствениот туризам. Се наоѓаме на 3 километри од аеродромот во Кападокија. Ќе имаме потенцијал да сместиме пациенти од Турција и од различни земји“, додаде Билгин.