İbrahim Erikan
20 Февруари 2018•Ажурирај: 20 Февруари 2018
АДАНА (АА) - Турскиот министер за Европска Унија (ЕУ) и главен преговарач на оваа земја, Омер Челик, предупреди за лажните вести и пропагандата за наводно масовно страдање на цивилите во операцијата што ја спроведуваат Турските вооружени сили против терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ во сириското погранично подрачје на Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Челик во турскиот град Адана присуствуваше на 37-тиот состанок на Заедничкиот советодавен комитет на Европската Унија (ЕУ) и Турција.
Тој се осврна на операцијата „Маслинова гранка“, што ја започнаа турските сили во северна Сирија.
„Во екот на одлучната борба на силите во операцијата „Маслинова гранка“, некој секојдневно зборува за цивилни загуби. Докажавме дека вестите за страдањата на цивилите се лажни“, порача Челик.
Турскиот министер додаде дека кога станува збор за борбата против ПЈД и ЈПГ, коишто се крила на терористичката организација ПКК во Сирија, Турција ја нема поддршката од пријателите што ја имала во борбата против ДЕАШ.
„Некои наши пријатели, што нè поддржаа во борбата против терористичката организација ДЕАШ, таа поддршка не ја дадоа за нашата борба против ПЈД и ЈПГ, коишто се крила на терористичката организација ПКК во Сирија. Треба да се биде доследен кога станува збор за терористички организации“, порача Челик.