Burcu Arik
22 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
ВАРШАВА (АА) - Турскиот министер за европски прашања, Омер Челик денес побара одржување на самит меѓу Турција и ЕУ во првата половина од 2017 година, за да се дискутира за моменталната, како што тој ja нарече, мртва точка во билатералните односи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на новинарите за време на официјалната посета на главниот град на Полска, Варшава, Челик изјави дека веќе не постои можност за напредување кон други прашања без да се одржи самит меѓу Турција и ЕУ.
„Оваа ситуација не е одржлива. Европа треба да има визија во своите односи со Турција“, рече Челик.
Тој изјави дека долго време блокот немал одредена политика во однос на Турција.
Турција поднесе барање за членство во ЕУ во 1987 година, а преговорите започнаа во 2005 година.
Сепак, преговорите запреа во 2007 година, поради положбата на Турција во врска со кипарското прашање. Исто така, владите на Германија и на Франција се противеа за полно членство на Турција во ЕУ.