Fatih Hafız Mehmet
24 Ноември 2016•Ажурирај: 25 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за европски прашања и главен преговарач Омер Челик, во врска со резолуцијата на Европскиот парламент (ЕП) изјави дека резолуцијата се смета за неважечка, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на прес-конференцијата во Адана во однос на предлог-резолуцијата на ЕП за замрзнување на пристапните преговори на Турција со ЕУ, министерот Челик рече: „Нека знаат тие што сакаат да ни испратат порака, дека пораката што ја испратија преку оваа резолуција на парламентот нема да го помине граничниот премин Капикуле. Оваа порака во никој случај не е порака на која ние ќе ѝ обрнеме внимание“.
Тој исто така изјави: „Тие требаше да направат процена како да соработуваат на теми поврзани со владеењето на правото и демократијата во една земја која покажа демократски отпор против државен удар. Наместо тоа, тие за жал, се одлучија за резолуција која ќе има лоша репутација во историјата“.
Инаку, Европскиот парламент ја прифати предлог-резолуцијата со која се препорачува да се замрзнат преговорите на Турција со Европската Унија. Предлог-резолуцијата нема законски обврзувачка.