Nazlı Yüzbaşıoğlu
29 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за Европската Унија (ЕУ) и главен преговарач, Омер Челик истакна дека: „Европската унија треба првин искрено и непристрасно да се преиспита себеси за порастот на дискриминацијата, ксенофобијата и исламофобијата во овој период во ЕУ“, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Челик од својот профил на социјалната мрежа Твитер одговори на изјавата на вице-премиерот на Германија и министер за економија и енергетика, Зигмар Габриел дека „во текот на политичкиот живот, Турција нема да го доживее членството во ЕУ“.
Министерот Челик во својата порака потсети на проценката која ја даде германскиот вицепремиер Габриел, во која се вели дека доколку Турција ги исполни сите потребни услови, Европа никогаш нема да ја прифати Турција како членка и додаде:
„Ваквите гледишта на ЕУ создаваат сериозни ризици за иднината. Наспроти ваквите гледишта на ЕУ, нема ништо загрижувачко поврзано со Турција. Но ЕУ треба да биде загрижена за својата иднина. Не е во ред за еден политичар во центарот на сите случувања да ја става својата кариера и сè останато да мери според личната кариера. Европската Унија треба првин искрено и непристрасно да се преиспита себеси за порастот на дискриминацијата, ксенофобијата и исламофобијата во овој период во ЕУ.“