Dilara Küçükerdoğan
29 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, започната од страна на турските вооружени сили, во рамките на поддршката на коалициските сили, во последните 24 часа на подрачјето на Џарабулус погодени се 20 цели на терористите, гранатирајќи ги во 61 наврат со хаубици од типот Фиртина (Бура), јавува Anadolu Agency (AA).
Во дописот на Генералштабот на турската армија се вели дека операцијата „Штитот на Еуфрат“, која започна на 24 август, се базира на правата на Турција кои произлегуваат од меѓународното право и 51-вата точка од договорот со Обединетите нации, за правото на самоодбрана. Оваа операција се спроведува и во рамките на заедничките решенија со ОН за борбата против ДАЕШ.
Во дописот се вели дека во рамките на активностите во последните 24 часа, во и околу подрачјето на Џарабулус, со хаубици од типот Фиртина (Бура) 61 пат се гранатирани лоцираните позиции на терористите.
„Турските вооружени сили ги презедоа сите безбедносни мерки за да не му се наштети на цивилното население кое живее во подрачјето на делување на операцијата и по ова прашање ја покажува својата максимална чуствителност".