Şerife Çetin,Ata Ufuk Şeker
18 Јули 2017•Ажурирај: 19 Јули 2017
БРИСЕЛ (AA) - Министерот за Европска унија и главниот преговарач на Турција со Унијата Омер Челик во обраќањето пред Заедничкиот советодавен одбор на Турција и Европската унија во Брисел изјави дека преговорите за пристапување се клучни за односите со Турција и ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Главната цел на партнерството со Европската унија и соработката која ја имаме на различни полиња е членство на Турција во ЕУ. Поради тоа преговорите за пристапување се клучни за односите на Турција и ЕУ", рече Челик.
Нагласи дека активностите на Заедничкиот советодавен одбр на Турција и ЕУ значително помагаат во јакнењето на односите помеѓу двете страни.
„Потполно верувам дека и во наредниот период овој придонес ќе биде продолжен", рече Челик.
Истакна дека ЕУ треба уште еднаш да го преиспита својот став кон преговорите за пристапување на Турција.
„ЕУ во моментите кога регионот поминува низ многу тежок период, мора да ја поддржи Турција и да ја увиди потребата за борба против тероризмот, да го одобри безвизниот режим и да го забрза процесот на пристапување", рече Челик.
Нагласи исто така дека Европската унија за Турција е многу важна.
„Главна цел на Турција во поглед на ЕУ е полноправно членство во ЕУ. Уште еднаш нагласувам дека сме затворени за сите други предлози освен полноправно членство. Нашата државна политика и стратешка цел е полноправното членство во ЕУ", рече Челик.
На крајот истакна дека сеуште не е во потполност остранета заканата од терористичката организација ФЕТО.
„Иако постигнавме значителен успех во врска со остранувањето на ФЕТО, не можеме сепак да речеме дека таа закана потполно исчезнала", рече турскиот министер.
Нагласи дека Турција и понатаму ја продолжува решителната борба против терористичките организации како што се ПКК, ДЕАШ и ФЕТО.