Ahmet Caner Baysal
06 Јануари 2017•Ажурирај: 07 Јануари 2017
ИЗМИР (АА) - Министерот за правда на Турција, Бекир Боздаг изјави дека денеска во Измир се приведени 18 осомничени лица поврзани со вчерашниот терористички напад во Измир, јавува Anadolu Agency (AA).
„Истрагата продолжува. Спроед информациите што ги добивме од Обвинителството, приведени се 18 лица. Утврден е идентитетот на терористите, меѓутоа не сме во можност да го објавиме поради истрагата којашто е во тек“, изјави министерот Боздаг.
По вчерашниот терористички напад во Измир, приведени се две лица, а акцијата продолжи и во текот на ноќта и во утринските часови.
Од извори блиски на полицијата, АА дознава дека за да се отежне нивното пронаоѓање, терористите го користат методот на слоевито облекување, односно на себе имаат облечено неколку џемпери и јакни, кои подоцна во различни временски интервали ги соблекуваат.
Вчера беше извршен терористички напад со автомобил-бомба во близина на зградата на судот во приморскиот град Измир, во западниот дел на Турција. Од експлозијата загинаа 2 лица, а ранети се петмина. Полицијата ги неутрализираше двајцата терористи.