Турција

Алтун: Дигиталниот тероризам е прашање на национална безбедност

„Туркије се соочува со „напади од дезинформации“ од страна на терористите; спречувањето на тоа е одговорност на државата“, рече шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство

Diyar Güldoğan  | 10.08.2022 - Обновена : 11.08.2022
Алтун: Дигиталниот тероризам е прашање на национална безбедност

АНКАРА (АА) - Дигиталниот тероризам е прашање на националната безбедност и преземањето мерки против него е одговорност на државата, не избор, рече шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Настрана „физичките напади“, Туркије, исто така, се соочува со „напади од дезинформации“ од терористичките групи како ЈПГ/ПКК и ФЕТО“, рече Алтун на работилницата „Новите медиуми и дигиталниот тероризам“, одржана во турксиот главен град Анкара.

„Налозите кои ги поддржуваат терористичките организации систематски споделуваат дезинформации против нашата земја на платформите на социјалните медиуми и се обидуваат да го мобилизираат локалното и странското јавно мислење против Туркије“, нагласи тој.

Според него, овие терористички групи ги користат дигиталните медиуми за пропаганда, индоктринација и комуникација, како и за регрутирање симпатизери и милитанти.

„Дигиталниот тероризам е прашање на националната безбедност и секоја држава треба да ги имплементира потребните механизми за одбрана и превенција против заканите во дигиталниот свет“, рече Алтун.

Алтун истакна дека преземањето мерки на претпазливост против тероризмот и сличните злосторства што можат да се појават во дигиталниот свет не е избор на државата или механизам за контрола на општеството.

„Овие мерки се одговорност на земјата кон нејзините жители“, додаде шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Алтун.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.