Sarp Özer
07 Април 2022•Ажурирај: 08 Април 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денеска учествуваше на виртуелен состанок со министрите за одбрана на Бугарија, Грузија, Полска, Романија и Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар говореше со бугарскиот министер Драгомир Заков, полскиот министер Мариуш Блашчак, романскиот министер Василе Динчу, украинскиот министер Олексеј Резников и со грузискиот министер Хуаншер Бурчуладзе.
Турскиот министер рече дека состанокот бил многу продуктивен. Тој ја истакна важноста од итен прекин на огнот во Украина, дипломатско решение на кризата и итноста за безбедно евакуирање на цивилите.
„За време на состанокот повторена е важноста на соработката за зачувување на мирот и стабилноста во Црното Море, вклучително и отстранувањето на поморските мини. Поради отежнатата хуманитарна ситуација, нагласена е потребата од континуирана хуманитарна помош и мерки за спречување на понатамошна ескалација на кризата во регионот“, рече Акар.