Sarp Özer
24 Мај 2020•Ажурирај: 25 Мај 2020
ФРЕГАТА БАРБАРОС
Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, истакна дека вознемирувањето во Егејот во последните денови е сериозна провокација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Акар, заедно со началникот на Генералштабот, генерал Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили, генерал Умит Дундар, командантот на воздухопловните сили, генерал Хасан Кучукакјуз, и командантот на морнарицата, адмирал Аднан Озбал, им го честитаа Бајрам на војниците што се наоѓаат на нултата точка на сириската граница, а потоа преминаа во Командата на поморската база Искендерун.
Во своето обраќање во Командата, осврнувајќи се на мерките преземени против тероризмот и коронавирусот, Акар рече:
„Кога ќе ги погледнеме прашањата за нашите мориња, ние не само што ги браниме нашите права, во исто време ги браниме и правата на нашите браќа кипарските Турци. Во Источниот Медитеран, Егејот, нема шанси да се донесе некоја одлука со негирање на Турција. Ние во целост сме за почитување на билатералните договори, меѓународното право, добрососедските односи и дијалогот. Ние сме сите проблеми да се решат со дијалог.“
Осврнувајќи се на некои неодамнешни настани во Егејот, Акар нагласи:
„И покрај сите наши обиди за разбирање и трпеливост во добрососедските односи, не е можно да се објаснат вознемирувањата во Егејот што се случуваат во последните денови. Тоа се многу сериозни провокации. Од тоа не може да имаат никаква корист. Уште еднаш сакам да истакнам дека е во интерес на обете страни разумно да се постапува. Ние вложуваме сè за да ги решаваме прашањата во рамките на дијалогот и меѓусебното разбирање и понатаму ќе го правиме тоа.“
Истакнувајќи дека во овој период, против Турција има многу ризици и закани, министерот Акар нагласи:
„Наша главна должност е да се бориме против нив. Затоа без разлика дали е Бајрам или не е, со иста решеност ќе продолжиме да ги исполнуваме нашите должности.“
На крајот од своето обраќање, Акар на целиот персонал му го честиташе Рамазан бајрам.