Burcu Arik
11 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на Турција, Хулуси Акар, денес ја посети јужната турска област Хатај за да изврши увид на трупите кои учествуваат во операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението издадено од турскиот Генералштаб, Акар го посетил Хатај во придружба на командантот на турските копнени сили Јашар и командантот на турските воздушни сили, Хасан Кучукакјуз.
Тие ги посетија трупите и беа информирани за тековната операција.
Операцијата во Африн започна на 20. јануари, во согласност со правото на Турција, засновано на меѓународното право и разолуциите на Обединетите нации, особено на оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот, 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51. од договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година без борба на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на оваа терористичката организација.