Sibel Uğurlu
11 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
АЗАЗ (АА) - Турските вооружени сили и Слободната сириска војска го ослободија од терористите на ПЈД/ПКК и селото Хаџи Искендер кое се наоѓа западно од центарот на сирискиот град Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерот на АА јавува дека турската војска и силите на сириската опозиција во продолжението на операцијата „Маслинова гранка“ во потполност го ослободиле селото во близина на Џендерес и дека продолжуваат да напредуваат кон внатрешноста на тој сириски регион.
Турските сили од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, ослободија вкупно 48 точки, вклучувајќи еден град, 34 села и 13 стратешки важни планини и брда.
Операцијата во Африн започна на 20. јануари во согласност со турските права засновани на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51. од договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите на режинот на Асад во јули 2012 година без борба на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
Терористите на ПЈД/ПКК под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, САД и Европската унија. ПКК уште од средината на 80-тите години на минатиот век води терористичка кампања против Турција.