Sarp Özer
26 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
ЕРЗИНЏАН (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, истакна дека со одлучност продолжуваат работите што се однесува до безбедносната зона во Сирија, и додаде дека исто така продолжуваат работите што се однесуваат на скорото започнување на заедничките патроли со американските воени елементи, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар претстојува во посета на турскиот град Ерзинџан, каде што заедно со началникот на Генералштабот на турската Војска, генерал Јашар Ѓулер, како и други високи воени челници, ги посетија турските воени сили во овој град.
Истакнувајќи дека борбата против тероризмот продолжува со зголемена одлучност и темпо, Акар укажа на интензивните напори вложени во рамки на борбата против тероризмот во северниот дел на Ирак и Сирија.
„Покрај тоа, решителни сме да ги заштитиме правата на Република Турција, како и на нашите кипарски браќа било во Егејското Море, на Медитеранот и во Кипар“, нагласи тој, додавајќи дека борбата против тероризмот ќе продолжи сè до неутрализирање на последниот терорист.
Акар истакна дека никогаш нема да се дозволи формирање на терористички коридор јужнo од Турција, и додаде: „Ќе започнат заедничките патроли на турските и американските воени елементи. Во тек се работите за овие патроли, и ќе се реализираат наскоро“.
- Набавката на „S-400“ -
Акар потсети на постигнатиот договор со Русија за набавка на воздушно-одбранбениот систем.
„На 12 јули започнаа работите за набавка на „S-400“. Во тек се работите во оваа насока. Првата батерија пристигна. Од утре, односно на 27 август ќе започнат активностите за испорака, што се однесува до набавката на втората батерија. Нашата цел е да се заштити нашата земја и нашиот народ од воздушните и ракетните закани кои ќе доаѓаат од надвор“, рече Акар.