Eda Fatma Topçu
26 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Фатих Донмез, истакна дека Турција никогаш нема да отстапи од својата праведна кауза во Источниот Медитеран, јавува Anadolu Agency (AA).
Донмез имаше свое обраќање на отворањето на Саемот и светскиот конгрес за енергетска стратегија, каде што информираше за проектите кои Турција ги реализирала во последниот период во насока на активностите за дупчење во Источниот Медитеран.
„Турција никогаш нема да отстапи од својата праведна кауза во Источниот Медитеран, бидејќи темелот на нашата историска мисија и енергетска стратегија е базиран на автохтоност. Секој треба да знае дека Источниот Медитеран е прашање на цела Турција. Ние како народ вчера бевме тука, денес сме тука и утре ќе бидеме тука“, нагласи Донмез.
Тој истакна дека Турција секогаш ќе стои покрај Турската Република Северен Кипар и дека нивна должност е да ги заштитат правата и интересите на луѓето кои живеат таму.