Faruk Zorlu
26 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 7.566 илегални мигранти беа фатени низ Турција во текот на изминатата недела, јавува Anadolu Agency (АА).
Дури 3.899 мигранти беа фатени во повеќе операции извршени од страна на жандармериските сили во северозападната област Едрене, која граничи со Грција и Бугарија.
Според локалните безбедносни сили во Едрене, Грција неодамна ги засилила напорите за испраќање на илегалните мигранти во Турција, прекршувајќи ја Женевската конвенција, Европската конвенција за човековите права и Конвенцијата на ОН против тортура.
Во крајбрежните турски области Чанаккале, Баликесир, Ајдин, Измир и Мугла, турската Крајбрежна стража и жандармериските сили опколија вкупно 2.450 мигранти, кои се обидувале да преминат во Европа преку Грција.
Во северозападните области Киркларели и Текирдаг, вкупно 100 мигранти беа задржани од жандармериските сили.
Покрај тоа, граничните сили во јужната област Хатај фатија 179 мигранти за илегално влегување во Турција од Сирија.
Околу 76 илегални мигранти, исто така, беа фатени од полицијата во јужната област Адана, додека во источната област Малатја, жандармеријата задржа 39 илегални мигранти.
Во областа Сакарја, 73 илегални мигранти беа, исто така, фатени од страна на полицијата.
Мигрантите се државјани на Пакистан, Конго, Сирија, Ирак, Авганистан, Египет, Бангладеш, Сенегал, Централна Африка, Алжир, Сомалија, Либија, Того, Камерун, Гана, Јордан, Судан, Непал, Јемен, Палестина, Либерија, Еритреја, Нигер, Сиера Леоне и Гвинеја.
Сите мигранти фатени во текот на изминатата недела беа однесени или во болница или беа пренесени во обласните канцеларии за миграција.
Според турското Министерство за внатрешни работи, во 2018 година во Турција задржани се околу 268.000 илегални мигранти. Турција е главната рута за илегалните мигранти, кои се обидуваат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.