АНКАРА (АА) - Агенција Анадолија (AA), обезбедувајќи содржини за националната и меѓународната јавност повеќе од еден век, продолжува да биде сигурен извор на вести. Таа денес емитува вести на 13 јазици, има канцеларии во 41 земја и претставништва во 100 земји.
АА, со инструкции на Мустафа Кемал Ататурк е основана на 6 април 1920 година, 17 дена пред отворањето на Големото турско народно собрание, со цел „гласот на Анадолија да се слушне низ целиот свет во Војната за независност“. Со своето искуство повеќе од еден век, работи на тоа да пренесува точни вести до националната и меѓународната јавност.
Агенција Анадолија (AA), со повеќе од 3.000 вработени од 142 различни националности секојдневно објавува околу 3.000 вести, повеќе од 3.000 фотографии, 8 инфографици и 310 видеа. Во својата 102. година опслужува 6.000 новинарски организации во 100 земји.
АА е меѓу највлијателните и најпочитуваните новински агенции во светот. На своите претплатници веднаш им ги пренесува случувањата во најактуелните региони и се издвојува со своите вести, фотографии и видеоснимки, особено од географските области каде што условите за работа се тешки.
Со своите вести, фотографии и видеа сервирани на претплатниците на 13 јазици -- турски, англиски, арапски, руски, француски, шпански, сорански, персиски, индонезиски, босански, албански, македонски и курмански, АА се следи со интерес не само во Турција туку и во светот.
Агенција Анадолија, која ги произведува повеќето фотографии и вести објавени во националните весници во Турција, продолжува да обезбедува важни услуги за своите претплатници.
- Глобален бренд со канцеларии во 41 центар и претставници во 100 земји -
АА, покрај тоа што важните состаноци и актуелните настани ги пренесува на своите претплатници, емитува 16 преноси во живо од различни делови на светот во исто време.
Меѓу другото, АА обезбедува услуги за своите претплатници 24 часа на ден, 7 дена во неделата, благодарение на својата глобална дописничка мрежа. Има 85 канцеларии во 81 град во Турција, 41 канцеларија во странство и претставници во 100 земји.
- Цел: „Меѓународна новинска агенција со седиште во Турција“ -
На 102-годишнината на АА се преземаат важни чекори за нејзино трансформирање од турска новинска агенција во меѓународна новинска агенција со седиште во Турција.
Со цел да ја зголеми својата ефикасност на меѓународната сцена, АА неодамна воспостави нови соработки и го зголеми бројот на меѓународни соработки на 42. Исто така, нуди фото и видеосодржини на светските телевизии преку партнерства со глобалните новински агенции како што се „Ројтерс“ (Reuters), Агенција Франс прес“ (AFP), „Гети имаџес“ (Getty Images) и „Дојче прес агентур“ (DPA).
Агенција Анадолија интензивно и активно ги користи сите канали на социјалните медиуми со своите апликации подготвени за мобилни уреди и паметни часовници, особено веб-страници. На социјалните мрежи има 385 милиони следбеници. Месечната стапка на преглед на веб-страници, исто така, надмина 16 милиони.
- Успех на АА во известувањето од терен -
Како меѓународна новинска агенција, преземени се значајни чекори за зајакнување на вредноста на нејзиниот бренд. Успешните активности во „теренското новинарство“ во својата 102. година се пренесени на уште повисоко ниво.
АА го зголеми производството на содржини за 10,1 отсто во 2021 година во споредба со претходната година, достигнувајќи 2,1 милион содржини годишно, со просечна дневна продукција на содржини од 3.000.
Моќта на АА во теренското известување на меѓународната арена е покажана и за време на руско-украинската војна.
АА е меѓународна агенција која има најмногу известувачи во воените зони. Војната ја следеше и во регионите кои се под контрола на Русија и во регионите кои се под контрола на Украина. Најкритичните случувања ги објави од прва рака.
Во овој контекст, создадена е референтна содржина која ги опфаќа и жешките конфликти во војната, миграциската трагедија за време на војната и актуелните случувања во дипломатијата.
Многу меѓународни медиумски органи, особено весници како што се „Гардијан“ (The Guardian), „Тајмс“ (The Times), „Сан“ (The Sun), „Индепендент“ (Independent) и „Билд“ (Bild) и телевизиските канали како „Си-ен-ен“ (CNN) и „Би-би-си“ (BBC), ги користеа содржините на АА за војната.
АА ја покажа својата сила и во известувањето од терен за време на војната во Карабах меѓу Азербејџан и Ерменија. Стана гласот на праведната борба на Азербејџан со објавување на случувањата од терен за време на војната во Карабах.
Агенција Анадолија, исто така го основаше брендот „AA Издаваштво“. Ја објави книгата „Победа на Карабах“ со свесност за „важноста да се забележи победата“.
- АА ја продолжува наставата „мајстор - чирак“ -
Од друга страна, Академијата за вести на АА продолжува со практични и систематски обуки за промените во медиумите, развојот на социјалните медиуми и овозможувањето на употребата на технологијата.
АА ја продолжува наставата „мајстор - чирак“ за оние кои работат или сакаат да работат во медиумскиот сектор, со цел да имаат знаења и вештини за аналитичко размислување, решавање проблеми, ефективна комуникација, техники за пишување вести, снимање и фотографирање.
Во Академијата за вести се одржуваат обуки за многу области, особено за „Воено репортерство“.
- Воспоставена „Зелена линија“, „Линија за вести за дискриминација“ и „Линија за потврда на точноста на вестите“ -
Со цел да го прошири својот успех во меѓународното новинарство во нови области, Агенција Анадолија ги имплементира апликациите како што се „Зелена линија“, „Линија за потврда на точноста на вестите“ и „Линија за вести за дискриминација“.
„Зелената линија“ ќе ја исполни својата мисија за подигање на општествената свест за глобалните климатски промени и прашањата за животната средина, чии ефекти стануваат сѐ поочигледни. Во овој контекст, вестите ориентирани кон животната средина за претплатниците ќе бидат бесплатни.
Линијата на дискриминација ќе дејствува како важен центар за производство на содржини што ќе овозможат известување за инциденти засновани на дискриминација како што се расна дискриминација, родова нееднаквост, говор на омраза, исламофобија и ксенофобија кои се зголемени низ целиот свет во последните години.
Линијата за потврда на точноста има за цел да придонесе во борбата на Турција против дезинформациите и ќе спроведува активности за проверка на факти. Во овој контекст, АА ќе ја потврдува точноста на вестите кои кружат на конвенционалните или социјалните медиуми. Контроверзните содржини ќе бидат испитани, а добиените податоци ќе бидат споделени со јавноста.
news_share_descriptionsubscription_contact
