Gökhan Ergöçün
06 Април 2022•Ажурирај: 10 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - „Туркиш карго“, подружница на националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“, испорача 335 милиони дози на вакцини против Ковид-19 на 61 земја во 2021 година, соопшти компанијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Со воспоставување коридор помеѓу повеќе од 400 меѓународни дестинации, се погриживме вакцините да останат достапни за сите“, рече Ахмет Болат, претседателот на управата и Извршниот комитет на компанијата.
„Особено имајќи го предвид малиот број превозници кои летаат во Африка, „Туркиш карго“ имаше важна мисија за да се погрижи луѓето кои живеат таму да имаат пристап до вакцини“, додаде тој.
Компанијата минатата година испорача најголем број дози на вакцини во Турција, а потоа 100 милиони дози во Бразил.
„Земјите каде што беа испорачани повеќе од еден милион дози на вакцини, ги вклучија и земјите како што се Мавританија, Мадагаскар, Руанда и Конго“, се вели во соопштението на компанијата.
„Помеѓу вакцините испорачани од „Туркиш карго“ минатата година, имаше 200 милиони дози на кинеската вакцина „КоронаВак“, 120 милиони на вакцината „БајоНТех“ и 12 милиони дози на „АстраЗенека““, се вели во соопштението.
Се додава дека „Туркиш карго“ достигнал 8 проценти пазарен удел во категоријата на медицински производи во текот на 2021 година.