Турција

Oсудени вкупно 4.555 терористи на ФЕТО учесници во обидот за пуч во Турција

- По обидот за пуч на ФЕТО, турските обвинителства спроведоа повеќе од 100.000 истраги.

Kemal Karadağ  | 30.11.2020 - Обновена : 01.12.2020
Oсудени вкупно 4.555 терористи на ФЕТО учесници во обидот за пуч во Турција

АНКАРА

Од вкупно 289 судски постапки започнати во врска со обидот за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, зад кој стои терористичката организација ФЕТО, 282 се завршени, додека седум процеси сè уште траат, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците што ги собра новинарот на АА, по обидот за пуч на ФЕТО, турските обвинителства спроведоа повеќе од 100.000 истраги.

По завршувањето на истрагите, досега се завршени 282 од 289 случаи во кои пучистите се изведени пред суд.

Во овие предмети се осудени вкупно 4.555 обвинети лица, 2.869 добиле казна доживотен затвор, а меѓу нив 1.608 повеќекратна казна тежок доживотен затвор.

Судовите за 1.868 обвинети изрекоа затворски казни во времетраење од една година и два месеца до 20 години. Некои обвинети се ослободени.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули, 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.

Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.