Didar Yüsra Dilruba Öz
10 Февруари 2017•Ажурирај: 11 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Генералштабот на турската војска денес соопшти дека најмалку 23 терористи на ДЕАШ се неутрализирани во изминатите 24 часа, во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Исто така, уништени се и 154 позиции на ДЕАШ, вклучувајќи засолништа на терористичката група, седишта, одбранбени позициии и возила“, се вели во соопштението.
Турските воени авиони исто така уништија и седум згради што биле користени како скривалишта, три седишта и складишта со оружје на терористичката група.
Турската армија ги поддржува борците на Слободната сириска амрмија во ослободувањето на Ал Баб од терористичката група ДЕАШ. Денес операцијата влегува во 171. ден.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“, предводена од Турција, започна кон крајот на август со цел да се подобри безбедноста, поддршка на коалициските сили и елиминирање на терористичката закана долж турската граница.