Behçet Alkan,Abdullah Yıldiz
10 Февруари 2017•Ажурирај: 11 Февруари 2017
НЕВШЕХИР (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим потсети дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган го одобрил Законот за уставни промени и додаде дека референдумот ќе се одржи на 16. април, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Јилдирим се наоѓа во турскиот град Невшехир, од каде што ќе отпатува во градот Аксарај, кој се наоѓа во централна Анадолија.
„Претседателот го одобри законот за уставни промени. Со тоа е познат и датумот на референдумот. Референдумот ќе се одржи на 16. април. Сега, зборот и одлуката им припаѓа на народот“, рече Јилдирим.
Покрај тоа, Јилдирим се осврна на вчерашната несреќа во сирискиот град Ал Баб, кога руски авиони по грешка погодија станбен објект во кој се наоѓаа турски војници. Во несреќата, животот го загубија тројца припадници на Турските вооружени сили.
„Претседателите Ердоган и Путин остварија телефонски разговор, во кој беше истакнато дека станува збор за несреќа и го изразија своето жалење поради овој немил настан. Ќе бидат преземени сите потребни мерки за соработка и координација, за да не се повторат слични несреќи“, додаде премиерот Јилдирим.